Постапувајќи по констатирани неправилности, Царинската управа на Република Македонија во месец јануари 2017 година до надлежните јавни обвинителства поднесе 11 кривични пријави против 12 физички лица и 5 правни лица.
До Основното јавно обвинителство во Куманово е поднесена кривична пријава против С.Г.Д. државјанин на Република Романија, кој со патничко возило со романски регистарски ознаки се пријавил на излез од Република Македонија на граничниот премин Табановце автопат. При извршен детален преглед на возилото во климатизацијата на истото била пронајдена една најлонска кеса облепена со самолеплива бела креп трака во вид на топка, наполнета со непозната материја со растително потекло со зелена боја и карактеристична миризба.
По наредба на јавен обвинител извршено е вештачење според кое растителната материја преставува опојна дрога – марихуана со вкупна тежина од 63.2 грама.
Осомничениот е предаден на судија на претходна постапка во Основниот Суд во Куманово кој му одреди мерка притвор во траење од 30 дена
До Основното јавно обвинителство во Куманово е поднесена кривична пријава против С.А.Б.К. државјанин на Кралството Норвешка кој на ден 14.01.2017 година со патничко комбе со англиски регистарски ознаки се пријавил на излез од Република Македонија на граничниот премин Табановце автопат. При извршен детален преглед на возилото во кожна кафеава торбичка сместена во платнен несесер кој со закачалка бил прикачен на задната врата од возилото, биле пронајдени 5 перфорирани споени ливчиња со слика на смајли.
По наредба на јавен обвинител извршено е вештачење според кое ливчињата содржат диетиламид на лизергинска киселина (LSD) – психоактивна супстанца со халуциногено дејство.
Осомничениот е предаден на судија на претходна постапка во Основниот Суд во Куманово кој со пресуда врз основа на предлог – спогодба го огласи за виновен и му изрече казна затвор во траење од 1 година и 6 месеци која нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од 5 години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело, како и мерка протерување на странец од земјата во траење од 10 години.
До Основното јавно обвинителство во Куманово е поднесена кривична пријава против Ш.П. државјанин на Албанија кој со патничко возило со албански регистарски ознаки се пријавил на излез од Република Македонија на граничниот премин Табановце автопат. При извршен детален преглед на возилото во багажниот простор од истото била пронајдена една метална плинска боца од чија внатрешност биле извадени 15 вакумирани пакетчиња облепени со проѕирна селотејп трака наполнети со непозната материја со растително потекло со зелена боја.
По наредба на јавен обвинител извршено е вештачење според кое растителната материја преставува опојна дрога – марихуана со вкупна тежина од 14.945 грама.
Осомничениот е предаден на судија на претходна постапка во ОС Куманово кој му одреди мерка притвор во траење од 30 дена