Вчера до Основнот јавно обвинителство Куманово била поднесена кривична пријава против A.Д. (29) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправи. На 29.05.2018 година на Граничен премин Табановце, управувајќи товарно возило „Мерцедес“ со косовска национална ознака, на увид приложил фалсификувана косовска возачка дозвола.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, оОд страна Основен суд Куманово била изречена Условна казна затвор во траење од три месеци, која нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од две години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело и му била изречена казна Протерување на странец од земјата во траење од пет години.