Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против С.К. (21) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
При пасошка контрола, на граничниот премин „Табановце“ било констатирано дека патната исправа на С.К. била оштетена, односно е забележано вметнување на друго парче од друг документ со цел да се отстрани ознака за забрана за влез во земјите на ЕУ. Судија на претходна постапка од Основен Суд Куманово донел решение со кое на С.К. му се определува мерка претпазливост, почнувајќи од 23.01.2017 година да се јавува секој понеделник во просторите на Основен Суд Куманово, и ќе трае додека има потреба, а најдолго до правосилно завршување на постапката.