Кумановскиот Центар за култура организира едукативна работилница „Насликај го својот град“
On:
Сподели со своите пријатели
Националната Установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, објави повик за учество на ученици на едукативната ликовна работилница која ја организира установата насловена „Насликај го својот град“. Работилницата, соопштија од центарот за култура се организира по повод денот на градот, 11 Ноември, а ќе се одржи на 2.ноември (петок), годинава. Едукативната работилница ќе се одржи од 10 до 13 часот во фоајето на центарот.
„Учениците ќе имаат можност да ја насликаат својата улица, домот, мотиви од Куманово. Центарот за култура ги обезбедува потребните материјали. Учениците на возраст од 8 до 14 години ќе работат под менторство на стручните лица од центарот“-изјави директорот , Сашо Тодорвски.
На овој повик не е потребно претходно да се пријават учениците и нивните ментори. Учениците ќе се стекнат со основни знаења за изработка на цртежи, а целта е да се поттикне креативниот и творечки дух кај најмладите од градот