Македонскиот национален тим предводен од селекторот Марјан Петровски замина на Европско Првенство во Чешка.
Тимот е составен од вкупно тројца велосипедисти од кои двајца се членови на кумановскиот клуб Вело-М Термалифт, Андреј Петровски и Никола Лефков. Третиот член е Кристијан Ванчевски а во поддржка и организација замина и секретарот на Македонска федерација Сашко Ванчевски.
Во петок ке се вози првата трка односно хронометар , додека во недела ке биде друмската трка со вкупна должина од 150км.
Учество на оваа Европско првенство земаа вкупно 42 земји со над 700 велосипедисти.
Како гледиште од претходните натпревари и постигнати резултати на нашите велосипедисти така и сега може да очекуваме врвни резултати и висока позиција, велат од Вело-М Термалифт Куманово.