СВР Куманово поднесе кривична пријава против О.С. (40), такси возач, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на безвизен режим со државите членки на Европската Унија и Шенгенскиот договор“.
Во јануари 2014 година пријавениот со своето ПМВ „Шкода рапид“, за износ од 300 евра , извршил превоз на две лица на релација од Куманово до Германија иако претходно знаел дека лицата се потенцијални баратели на азил, известуваат од СВР Куманово.