Пратениците во Собранието Иван Стоиљковиќ од ДПСМ и Мирослав Јовановиќ од ССМ, се најзаслужни за донацијата на вакцините против коронавирусот од Србија, рече денеска премиерот Зоран Заев на Граничниот премин Табановце.
– Упатувам огромна благодарност до пратнеикот Иван Стоиљковиќ, кој што е на лекување, кој има свој голем придонес во координацијата околу оваа донација, а иста благодарност упатувам и до нашиот пратеник Мирослав Јовновиќ. Пратеници од српска националност од нашиот парламент исто така имаат активен придонес и во зајакнување на врските меѓу српскиот и македонскиот народ, рече Заев.
Првата тура од 4.680 вакцини веќе е транспортирана во Скопје и деновиве ќе започне имунизацијата.
Никола Ивановски