Кумановски „Гладијатори“ ќе го освојуваат Сараево

Сподели со своите пријатели

Даниел Каранфиловски и Роберт Ангеловски, членови на street workout тимот „Гладијаторс“ вчеравечер заминаа за Сараево, Босна и Херцеговина каде во недела ќе се натпреваруваат на Меѓународен турнир.

Младите кумановци ќе се натпреваруваат во повеќе дисциплини. Натпреварот ќе биде поделе во три категории: лесна од 60 до 70 килограми, лесна од 60 до 70 килограми и тешка категорија од 70 до 80 килограми, како и категорија 80+.

Каранфиловски и Ангеловски подготвени заминаа во трката по нови успеси во босанската престолнина, каде достојно ќе го претстават нашиот град и својот клуб.

 

Loading...