Кумановски гимнастичари со 1во и 3то место од Државниот натпревар

Сподели со своите пријатели

Злато и бронза во Куманово пристигнаа од Државниот натпревар во гимнастика кој викендов се одржа во Битола, а каде учество зедоа тројца спортисти од Гимнастичкиот клуб Атлета од Куманово.

Loading...

Калин, Милош и Вања се новата надеж на кумановската гимнастика

Шестгодишниот Калин Илијевски е државен прват по гимнастика во категоријатата помлади пионери (возраст од 6 до 9 години) и тој го донесе првото злато во Куманово во атлетика.

 

 

Со бронза, односно освоено трето место на натпреварот, дома се врати осумгодишниот Милош Јовановиќ кој се натпреваруваше во категоријата помлади пионери.

 

Loading...

 

Тринаесетгодишната Вања Денковска се натпреваруваше во категоријата јуниорки (возраст од 13 до 15 години) и влезе во најдобрите седум во државата.

Сите тројца се членови на Гимнастички клуб Атлета од Куманово, кој е формиран пред две  ипол години.

– По 30 години за прв пат кумановските гимнастичари учествуваат на вакво големо натпреварување. Во Куманово гимнастиката се врати таму кај што и е местото на врвот, вели тренерот Филип Миленковски.

 

 

Loading...

– Гимнастиката сама по себе претставува многу тежок спорт но со голема посветеност, труд и максималниот фокус од страна на тренерите и гимнастичарите доаѓаат до израз добрите резултати Секојдневно вршиме уписи на нови членови, и тоа од 4 годишна возраст па до 15 годишна возраст, вели тренерот Никола Златановски.

Инаку уписите се вршат во просториите на салата или можете да ги контактирате на телефонските броеви за подетални информаци  071 345 931- Филип Миленковски и 071 363 173 – Никола Златановски.

Никола Ивановски

Leave a Reply