Волонтерска работна акција на граѓанското здружение „Кумановски акцијаши“ која беше закажана за денес од 8:30 часот на назначајното спомен обележје во градот, Спомен Костурница се оддржа успешно. Во акцијата учествуваа граѓаните од “Кумановски акцијаши”, ЈП Чистота и зеленило, членови на СДСМ и Социјал Демократска Младина, и градоначалникот на општина Куманово. Уредувањето се врши со помош на посебни средства обезбедени од организаторите.
Пред се ова е акција на СДСМ и Социјал Демократската Младина и стари акцијаши, граѓанско здружение, подржани од локална самоуправа, проблемот е во тоа дека ние со оваа ќе го измениме амбиентот , оваа треба да има квалитет на одржување. ЈП чистота и зеленило со своите капацитети даваа допринос да ја одржуваме оваа средина.
Сметам дека на овој начин со поттик и ваша медиумска кампања ќе дојдеме до некоја цел да на некој начин она што ни е вредно да го заштитме , продолжуваме секоја недела ќе имаме разни локации. Ја поздравувам оваа акција и сум дел од неа. Изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.
Loading...
Сашо Петрушевски упати критика кон незаинтересираноста на Министерството за култура за оддржување на Спомен Костурница , и испрати апел до граѓаните да покажат поголема заинтересираност.
Би дал една информација до граѓаните бидејќи повеќето од граѓаните не знаат дека овој локалитет е под министертво за култура бидејќи се работи за историски објект под заштита на Министертство за култура, меѓутоа до сега за колку години нема никој од Министерство за култура изразено желба, дојдено или заинтересирано да ја поправиме односно во соработка со ЈП Чистота и зеленило да ја оддржуваме оваа површина која е од историско значење за град Куманово.
Сигурно јас многу пати исто така и сега потенцирам дека хигиената во градот не е само на јавното претпријатие бидејќи се онаа што го гледаме, хартии, семки, исто така и не комунален отпад кој се фрла, знаете според закон за комунален ред како се прави тоа во поразвиени земји.
Сведоци сте дека почнавме со делот на расчистување каде што е главниот споменик, зеленилото го средуваат Чистота и зеленило, активистите на СДСМ и Kумановските акцијаши. Се обидуваме срамното дело, графити, направени од нашите сограѓани, да го одстраниме. Имаме поддршка од специјална служба, што со посебна машина ќе се обидеме да ги тргнеме овие срамни графити. Посочи Мартин Костовски.