Кумановската учителка Јелена Мандиќ одржа своја работилница на Едуконференцијата

Сподели со своите пријатели

Учителката Јелена Мандиќ од ООУ ”Вук Караџиќ” беше избрана помеѓу најдобрите и одржа своја практична работилница на наставници на Меѓународната Едуконференција во Хотел “Дрим” Струга што се одржа на 31март и 1април, четврта по ред, организирана од Здружението „Пријатели на образованието“ – здружение на наставници, професори и ИКТ експерти  чија основна цел е обезбедување на квалитетна и креативна наставна пракса.

 

Loading...

 

Работилниците на конкурсот за пријава требаше да понудат иновативни, игровни и креативни решенија за реализација на образовни цели од еден наставен предмет или интеграција на цели од неколку предмети, па така мојата работилница се состоеше од интеграција по математика и македонски јазик на тема “Буквите испреплетени со бројки до формирање име на сликовница”. Работилницата одговараше за директна работа со до најмногу 20 ученици кои би биле активно вклучени во практичните активности. Прикажав како најдобро се учи преку игра на забавен и интересен начин со учениците од најмала училишна возраст. Имаше голема заинтересираност и наставниците беа активно вклучени во реализирање на вкупно 6 активности со помош на многу креативни изработени наставни средства кои ќе помогнат во полесно совладување на наставни содржини. Пронаоѓаа букви, составуваа зборови и реченици, решаваа задачи, формираа сликовница и сето тоа низ игра, вели Мандиќ.

 

 

Исто така влезе во финале на најдобрите постери од СТЕМ области и имаше свое излагање со своја постер презентација “Мисловни мапи преку апликацијата SimpleMind” која беше објавена во публикација.

 

Loading...

Leave a Reply