Кумановската полиција разбила група од четири лица, кои краделе од банкомати, а едниот од нив бил приведен при обид да украде поголема сума на пари од банкомат сместен во трговски центар во Куманово.
– Полициски службеници од СВР Куманово и Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за насилен криминал на 02.02.2021 околу 04 часот во трговски центар во Куманово го приведоа А.М. (40) од Косово при обид насилно да украде поголема сума пари од банкомат сместен во трговскиот центар, информираат од кумановската полиција.
По преземени дополнителни активности, во врска со ова кривично дело, на граничниот премин Јажинце приведени се Ф.Л.(42), Б.Х. (39) и Б.А.(50), сите од Косово.
Против приведените е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство во Куманово, а од страна на судија на претходна постапка им е одредена мерка притвор.
Никола Ивановски