Вкупно 12,4 килограми марихуана запленила кумановската полиција во текот на 2017 година, според годишниот извештај презентиран на денешната седница на Советот на Општина Куманово.
Како што истакна советникот Зоран Петушевски во своето излагање, биле запленети 10,67 грама хероин, 0,21 грама кокаин, мешавина од тутун и марихуана 0,77 грама, како и 3,23 грама амфетамин, пет семки канабис и 8,22 грама мешавина од коефин и парацетамол. Како што вели ова е мала заплена, ако се земе предвид колку опијатите се распространети во Куманово.
– Тешко е тоа, знам тоа е организирана мрежа, но мислам дека процентот на раширеност и употребата на овие сутпстанци кај нас е многу поголема, јас не ја знам полициската работа, но мора да изнајдат начин да бидат поефикасни, ова е навистина ми се чини многу малку, рече Петрушевски.