Вработените во Секторот за внатрешни работи Куманово во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, денеска ја реализираа првата крводарителска акција за 2022 година.

Акцијата започна во просториите на кумановската полиција во 9 часот утринава и некаде за два часа беа собрани околу 20 крвни единици.
– Согласно сите случувања во изминатиот период со пандемијата и здравствената состојба како и на сите граѓани и на полициските службеници, постепено имаме зголемување на бројот на крводарувања и очекуваме во следниот период да биде уште поголема таа бројка, односно како во поранешните години некаде околу 100 крводарителски единици, изјави Виолета Богдановска, началник на Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово.
Инаку, според календарот на Министерството за внатрешни работи во текот на годината се организираат по три крводарителски акции.
До крајот на акцијата се очекува да бидат собрани од 40 до 50 единици крв.





Текст: Никола Ивановски / Фото: Стефан Младеновски

