Кумановската полиција даруваше крв

Сподели со своите пријатели

Вработените во Секторот за внатрешни работи Куманово денеска беа дел од крводарителска акција која се одржа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ а беше организирана во соработка со Црвениот крст и Центарот за трансфузиона медицина.

Loading...

Како што истакна Виолета Богдановска, началник на Отсекот за превенција при СВР Куманово, станува збор за втора крводарителска акција согласно годишниот план и програма на Министерството за внатрешни работи.

– Согласно претходната крводарителска акција, некаде очекуваме иста бројка, а тоа е околу 40 крводарувања со оглед на севкупната ситуација со пандемијата и се она што се случуваше изминатата година, значи тоа би било некоја солидна бројка, иако во претходните години имавме и повеќе од 80, во еден период и по 100 крводарители, но во претстојниот период се надеваме дека и тоа ќе го постигнеме повторно, изјави Богдановска.

Ако до пред 5-6 години крводарители беа припадници само на машкиот пол, вели Богдановска, веќе последните години бројот на жени крводарители постојано е во пораст.

Со новите вработени полициски службеници се очекува бројот на крводарители да се зголеми и во периодот што следува да се достигне бројката од околу 100 крводарувања по акција.

Никола Ивановски

Leave a Reply