Вработените во Секторот за внатрешни работи куманово денеска беа дел од крводарителска акција која се одржа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.
Loading...
На акцијата, која е прва за оваа година, како што информираат од полицијата, собрани се 28 крвни единици.
Loading...
Крводарителската акција е согласно годишниот план на Министерството за внатрешни работи, а беше организирана во соработка со Општинската организација на Црвен крст Куманово и Одделението за трансфузиологија.
Никола Ивановски