Кумановската Гимназија „Гоце Делчев“ денеска ја одбележа 154-годишнината од раѓањето на својот патрон, револуционерот Гоце Делчев.

Со приствуто на учениците, наставниците, но и многубројни делегации на општината, политичките партии и здруженија во дворот на училиштето беше положено свежо цвеќе.

Пред присутните беше рецитирана поезија напишана за Делчев.
– Го чествуваме и ја следиме неговата визија за натпревари на сите полиња. На високо ниво се наоѓа нашето училиште на државно, па дури сега започнавме веќе да се натпреваруваме и на светско ниво. Меѓу најуспешните настани сега во овој период е пласирање на ученичката Илина Арсовска која успешно го помина прагот на државно ниво и се пласираше на Европска женска математичка олимпијада, која ќе се одржи во Бордро, Република Франција, рече директорката Марија Тодоровска.
Училишето како што сподели директорката, учествува во многу регионални проекти за размена на ученици кои стекнуваат искуства на повеќе полиња.

Годинава Гимназијата „Гоце Делчев“ ќе одбележи 80 години постоење.











Никола Ивановски

