Кумановската гимназија го одбележа патрониот празник (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Со положување свежо цвеќе Гимназијата „Гоце Делчев“ денеска одбележа 115 години од смртта на својот патрон, како и 73 години од постоењето на училиштето.

 

 

Пред бистата на најголемиот македонски револуционерен деец свежо цвеќе положија првите луѓе на гимназијата, претставници на Здружението на армиски и полициски ветерани, Општина Куманово и Советот, јавните претпријатија, политичките партии и граѓани поддржувачи на ликот и делото на Делчев.

– Гоце Делчев пред повеќе од еден век водел две револуции, едната со пушка, а другата со интелектуална мисла. Радоста за неговата победа за жал не успеал да ја почуствува, но свесно и широкоградо оставил ние да ги уживаме сите слободи за кои се жртвувал. Со неговиот просветителски ум и патриотска душа светот го доживувал како поле за културен натпревар меѓу народите. Ние како просветители и граѓани го негуваме ова училиште како расадник на нови слобоумни, интелигентни и родољубиви млади генерации. Гордо китејќи се со името на овој голем космополит ја продолжуваме неговата интелектуална борба во оваа воспитно образовна арена наречена Гимназија „Гоце Делчев“, рече во своето обраќање директорката Марија Тодоровска.

Сите присутни имаа можност во галеријата на училиштето да погледнат краток видео запис за досегашните високи постигнувања на кумановските гимназијаци, а воедно беше претставена и победничката творба на Леона Живиќ  од литературниот конкурс по повод патрониот празник.

Leave a Reply