По објавениот текст дека на интернет се појавиле порнографски фотографии од малолетни ученички од Гимназијата „Гоце Делчев“ и дека директорката ги советувала учениците да го избришат материјалот за да го сочува своето работно место, денеска реагираат од кумановското училиште.
Бидејќи не успеале да добијат контакт од сајтот Доказ.мк кој ја објави веста, демантот го испратија до локалните медиуми со цел јавноста да ја запознаат со вистината за случајот.
„Почитувани, по објавениот напис ,,Секс скандал во кумановската гимназија со фото доказ, кој кого стигнел плескал, ученици, професори…” од 29.3.2018 година на интернет порталот www.dokaz.website, јас како спомната во истиот, со целосна морална одговорност ја демантирам содржината на текстот во која сум повикана како одговорна. Се надевам дека авторот на текстот ќе се пронајде и истиот ќе биде санкциониран согласно законските правила и прописи поради нарушување на мојот углед, угледот на вработените и учениците во СОУ Гимназија ,,Гоце Делчев”- Куманово, стои во демантот од директорката Марија Тодоровска.