Кумановската Гимназија домаќин на проектот „Развој на EcoSTEAM/ EcoSTEAM development“

Сподели со своите пријатели

Гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово деновиве е домаќин на неколку образовни установи од Европа со кои е дел од проектот „Развој на EcoSTEAM/ EcoSTEAM development“.

Loading...

 

 

Партнери учесници во проектот се средно училиште од Литванија, која е и координатор на проектот, Универзитет „Cerrahpasa” од Турција и невладина организација КАРДЕТ (Центар за истражување и развој во образованието) од Кипар.

 

 

Loading...

– Домаќин е нашето училиште, СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ и оваа недела имавме навистина корисни работилници на кои се разработуваше главна цел на проектот – давање поголем простор на природните и технолошките науки, уметностите и математиката (STEAM), но и нивната корелација со проблемите во животната средина, со цел развивање на еколошката свест кај учениците, изјави наставничката Јасмина Денковска, координатор на проектот во Гимназија „Гоце Делчев“.

 

 

 

Проектот, како што појаснува таа, има неколку цели, меѓу кои подобрување на еко-состојбата во секоја од земјите, но и посочување на широките кариерни можности кои ги нудат овие дисциплини.

 

 

Loading...

– Во самиот проект ќе дојде до изработка на 3 интелектуални производи, и тоа: е-концепт за учење, програма на активности и е-водич, кои понатаму би се примениле во двете средни училишта, но и пошироко, на регионално па дури и национално ниво, појаснува наставничката Денковска.

 

 

Ова е прва средба, на проектот кој започна во ноември, а ќе трае вкупно 28 месеци.

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

Никола Ивановски