Кумановската Гимназија „Гоце Делчев“ доби нов лик откако е поставена нова енергетско ефикасна фасада на целиот објект и училишната спортска сала.
Како што информираше градоначалникот Максим Димитриевски претходно се заменети сите стари прозорци со нови енергетско ефикасни ПВЦ прозорци.
– Целосно е заменет стариот кров со нов кров на училишниот објект и училишната спортска сала. Целосно е реновирана внатрешноста на училишната спортска сала. Поставен е нов систем за греење во неа и нова спортска подлога. Заменети се врати на канцелариските простории и училници, вели Димитриевски.
Како ел од реконструкцијата заменети се подните површини во училниците, а санирани се и санитарните јазли во училиштето.
– Изминатиот период континуирано се врши набавка на ИТ опрема, спортски и кабинетски реквизити, поливинилски столови како и смарт табли и друг училишен инвентар согласно потребите на училиштето, додава Димитриевски.
Никола Ивановски