Кумановската болница во 2022 сака да стави акцент на третманот на малигните заболувања (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кумановската болница во 2022 сака да стави акцент на третманот на малигните заболувања

Loading...

Со желба пандемијата да завшри годинава, раководството на Општа болница Куманово планира во 2022 година акцент да стави на третманот на луѓето болни од малигни заболувања.

Освен тоа се планира и набавка на некоја нова апаратура, но зависи дали пандемијата ќе заврши и колку пари „ќе однесе“ од годишниот буџет.

– Планираме набавка на одредена апаратура, уште претходните години планиравме да отвориме центар за дојка, еве го збориме толку време и мамоматот, и не е само тоа, туку воопшто сакаме да ставиме акцент на третманот на луѓето болни од малигни заболувања, изјави директорката на кумановската болница Снежана Захариева.

 

 

Како што додаде Захариева, факт е дека не само Куманово и Македонија, туку и целиот регион имаат зголемен број на пациенти со малигни заболувања.

Loading...

Она што е новогодишна желба на болницата, е тие пациенти да не се испраќаат на третман во Скопје, туку да им биде овозможено лекување во болницата во Куманово.

– Би сакале да направиме едукација на тим, да адаптираме простор во кумановската болница каде би можеле да пружиме здравствен третман, ако ништо друго барем примање хемотерапија на ваквите пациенти, рече Захариева.

Зад себе болницата остава една многу тешка година, во која имаше илјадници хоспитализации со луѓе со тежок облик на ковид. Со помош на ресорното министерство кон крајот на 2021 година доби и систем за затоплување на гас.

Директорката Захариева вели дека тендерската постапка за набавка на природен гас е во тек, и се надева дека повеќе објектот нема да биде на мапата на загадувачи во градот.

– Јавната набавка за гас е во тек, така да час поскоро и официјално ќе започне греењето на гас. Пробното се покажа добро, за жал цената на енергенсите на светско ниво расте, така да на почетокот нема да имаме преголема заштеда, но од еколошки аспект тоа значи многу, значи дека нема да бидеме на списокот на загадувачи, е сега ако понатаму има загадување треба да се бара на друго место, рече таа.

Инаку кон крајот на минатата година беше затворена и модуларната болница, откако приливот на пациенти болни од ковид е намален, а активни се вкупно 100 случаи и епидемиолошката состојба е стабилна.

Никола Ивановски