Кумановската болница има хроничен недостаток на специјалисти

Сподели со своите пријатели

Недостаток на лекари е најголемиот проблем со кој се соочува кумановската Општа Болница. Неонатолози, гинеколози, акушерки, инфектолози и анестезиолози се профилите кои најмногу недостасуваат.

Болницата опслужува над 250.000 пациенти како од Куманово, така и од останатите помали општини од Североисточниот регион. Со 77 лекари специјалисти, како што вели директорката Снежана Захариева во своето последно гостување во емисијата Став на ТВ Плус, тоа е многу тешко.

– Недостаток од стручен кадар имаме и на одделот за инфективни болести, хронично недостасуваат инфектолози, така да на дужурства дежураат и колеги специјализанти од други бранши и општи лекари. Имаме недостаток од анестезиолози, гинеколози, старосната граница  е мошне висока и на одделот за рендген дијагностика, за физикална терапија со години работи еден колега, вели директорката Захариева.

Трансфузиолог во кумановската болница доаѓа од скопските клиники, а работи само неколку дена во недалата и тоа на дежурства. Според директорката на кумановската болница потребно е на специјализација да се испраќаат лекари само од браншите кои се дифицитарни.

– Младите лекари сакаат едни исти специјализации, не, ќе мора да упатиме на специјализација баш од овие специјалности бидејќи тие ни се пторебни не во моментов туку долгорочно, буквално за четири пет години можеме да останеме без специјалисти од овие бранши, додава Захариева.

Иако болницата упатила барање за 50 нови вработувања до Минситерството за здравство, од таму не добиле дозвола за распишување конкурс, а според директорката недостатокот на персонал не е само во редовите на специјалистите, туку и на сиот друг персонал.

– Имаме одобрување само за 11 договори за дело, но тоа се договори при кои што оние кои ќе работат нема да имаат ниту здравствено осигурување, ниту ќе имаат стаж, се надевам во најскоро време овој проблем да биде надминат, да ангажираме лекари, вели директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева.

Одредени делови според директорката се добро екипирани, но на оние каде има дефицит од кадар, проблемот се решава со дежурства на лекари од Скопје.

Leave a Reply