Поради одржување на Ноќната атлетска трка и концертот на градскиот плоштад повеќе улици во централното градско подрачје наизменично ќе бидат затворени за сообраќај.
Атлетската трка ќе започне на улицата „Доне Божинов“ од каде ќе се трча до Плоштад „Нова Југославија“, па ќе се продолжи по булеварот „Трета МУБ“, па улиците „Народна Револуција“, „Ленинова“ од каде повторно преку „Доне Божинов“ ќе се пристигне до градскиот плоштад. Почнувајќи од 18 часот овие улици паралелно ќе бидат затворени за секаков вид сообраќај.
Од 20 часот посебен сообраќен режим ќе има и во централното градско подрачје, поточно дел од улицата „Доне Божинов“ поради одржување на концертот на Хари Мата Хари.