Вчеравечер беше отворен „Kumanovo Hangout Music Festival“ кој на публиката понуди извонредна џез музика, како увертира во вечерашниот вистински спектакл на втората фестивалска вечер.
Со настапите на Кабадајас и Фирс од Македонија, Висар Кучи од Косово, Васил Хаџиманов Бенд од Србија и Дром од Грција, кои дури свиера македонска музика публиката уживаше до еден часот по полноќ.
Како што истакна еден од организаторите, Марјан Стевановски, минатата година започна Џез фестивалот кој поради големиот интерес, годинава продолжува традицијата со поп и рок музика.
– Сетоа ова го поткрепивме и со средства кои дел ќе бидат донирани со хуманитарни цели, што значи дека целокупната карактеристика на фестивалот не е само во областа на културата, музиката и задничкото дружење, туку и она што претставува хуманост, вели Стевановски.
https://www.facebook.com/kumanovskimuabeti1/videos/233937140608850/

