Кошаркарите на Куманово утре против Блокотехна, на гостински терен го играат 4. коло од домашната Суперлига.
Избраниците на тренерот Александар Петровиќ по големата победа над Работнички на голема врата си го отворија патот кон четирите најдобри сезонава кои ќе ја имаат можноста во плеј оф завршницата да играат за титулата најдобри во Македонија.
Претходно на гостински терен загубија од МЗТ Скопје Аеродром, а на домашен и од АВ Охрид.