Кошаркарите на Куманово утре со почеток во 18:30 часот против Блокотехна на гостински терен го играат натпреварот од 4. коло од Суперлигата.
Мечот кој трае да се одигра викендов, е поместен поради настапот на Блокотехна во БИБЛ лигата, па утре кумановци ќе тргнат во поход против составот во Гевгелија по големата победа која минатото коло ја реализираа против составот на Работнички.
Моментално кумановци се на 4. позиција во табелата, а со ист број поени по одиграниот меч против Охрид, во врат им дише составот на Гостивар. Победата утре на кумановци на голема врата ќе им ги зацврсти шансите за настап во плеј оф завршницата и можноста за борба за титулата во домашниот шампионат.