Кошаркарите на Куманово утре го пречекуваат Работнички во рамките на 3. коло од Суперлигата во македонската кошарка.
Куманово во мечот влегува со минорни шанси за успех со оглед на фактот дека Работнички од почетокот на сезоната, по 24 натпревари не бележи пораз. Освен трансферот кој од Куманово во Градски парк го направи Димитар Караџовски, центарци се засилија и со повеќе странски кошаркари, додека во Куманово доминира младиот дух на македонските кошаркарски сили.