Со резултат 68:85 кошаркарите на Куманово забележаа пораз во вчерашниот меч кој на домашен терен го одиграа протиф составот на ТФТ, а во рамките на 3. коло од домашниот шампионат.
Фуриозен старт имаше гостинскиот состав на вчерашниот меч, па веќе во само првата четвртина направи голема резултатска предност пред Куманово со резултат 35:14.
Куманово за нијанса се врати во живот во втората четвртина, но не доволно добро, па на полувреме замина со негатива од 18 поени, односно резултат 38:56.
Паузата на полувремето не донесе никакви промени. Веќе во третата четвртина очигледно беше дека ова е загубен меч за избраниците на тренерот Игор Ѓорѓиевски, откако забележаа само осум поени наспроти 20 на ТФТ.
Една ластовичка не ја прави пролетта, па така и последните десет минути од играта на Куманово не беа доволно да се направи некаква пресвртница во резултатот и овој меч го загубија убедливо.
Хортон беше најефикасен кај ТФТ со 20 поени и 10 скокови, Леонард со 15 поени. додека кај кумановци најефикасен беше Стеван Глигоријевиќ со 20 поени.
Никола Ивановски