Кошаркарите на Куманово остварија победа на денешниот натпревар против составот на вториот тим на МЗТ Аеродром, во рамките на 13то коло од домашниот шампионат, со резултат 67:68.
Доста израмнет во првиот период кој им припадна на гостите од Куманово со минимални (22:20). Гостите го добија и наредниот, по кој на одмор заминаа со солидна предност од седум поени, (43:36).
Сличен развој на настаните во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ беше и во продолжението на играта. Во неколку наврати екипата која важи за фаворит имаше предност од осум поени (38:46), (48:40) и (53:45), во 27.минут аод играта. Домаќините, кои играа без помошта на својот прв скокач, Монтгомери, се враќаа на помала негатива, и до истекот на тој дел од играта успеаа во тоа.
Беа на -3 (50:53), иако и двете екипи биеја очајно од линијата зад 6.75 метри. Имаа само 13 односно 20% на успешност од таа позиција (заедно пет тројки од 30.обиди) во 30.минути игра.
Потенцијалните сениорски репрезентативци, Савиќевиќ и Тодоровски, потоа и Митевски, дојдоа до двоен број на поени кај МЗТ Скопје Уни Банка.
Од другата страна на теренот, во тој „двоцифрен ранг“ влегоа Ѓекиќ, Ливингстон од стартерите односно и Глигоријевиќ, од резервните играчи.
Во сиромашната, со поени, последна четвртина, домашната екипа дојде и до водство од еден поен (63:62) на1:07 минута пред крајот. А потоа ветојанто и потегот на вечерта. Дамјан Робев од врвот на рекетото погоди за тир поени. Згора на тоа беше фаулиран од Зекири. Го погоди и „дополнителното“, за (66:63). Откако Савиќевиќ даде едно од двете слободни фрлања, намали на (64:66) и нереализиранито обид на Робев, Митевски имаше шанса да донесе израмнување. Но не ги реализираше двете слободни фрлања. Веднаш, од истата позиција казни Робев, за недостижни (68:64), кои со тројка со звукот на сирената ги намали Савиќевиќ.