Куманово со најголем број првачиња во Република Македонија (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Куманово е градот со најголем број запишани првачиња, а токму тоа беше причината министерката за образование и наука, Рената Дескоска лично да им посака успешен старт на учебната година на дечињата од ООУ „Браќа Миладиновци“.

 

Loading...

 

Според министерката Дескоска постои тренд на опаѓање во бројката на запишани ученици во средното обрзование и покрај тоа што истото е задолжително. Причината за тоа, министерката ја гледа во фактот дека голем дел од семејствата се иселиле од државата. Кога станува збор за Куманово, во разговор со градоначалникот Зоран Дамјановски акцент бил ставен на инвестиции во образовните капацитети.

Со градоначалникот разговарале околу капиталните инвестиции кои што биле правени во оппштина Куманово, за жал МОН досега го оставило Куманово и образованиот систем овдека без поддршка во делот на капиталните инвестиции, јас најавувама како министер за образование дека целта на ова Влада е да не прави разлика меѓу градоначалници од власта и опозиција, бидејќи интересот на децата треба да биде пред се и пристапот на помагањето на општините во капиталните инвестиции треба да зависи од состојбата во која се наоѓаат училиштата а не од тоас кој раководи со општината однсонсо кои се директори на училиштата – изјави Дескоска.

 

Градоначалникот Дамјановски во својата изјава освен што им го честиташе стартот на учебната година на првачињата од ООУ „Браќа Миладиновци“, својот говор го искористи да упати порака до министерката Рената Дескоска дека Куманово во изминатиот период од власта не добила никаква инвестиција во образовниот процес.

Почитувана министерке, денеска ми е задоволство што сте тука, меѓутоа сакам да дадам некои информации за вас. Кажав дека најголем број прваиња во Република Македонија, некаде околу 7,5% од вкупно запишани дечиња во прво одделение се токму во Куманово. Поради тоа вие како еден реформатор во образовниот процес треба да ги знаете некои податоци кои ќе ви ги кажам сега. Куманово во изминатиот период имаше големи пречки во однос на обезбедување услови за образованиот процес, меѓутоа со новата клима и амбиент кои се ствараат во општеството ние почнуваме еден нов циклус на инвестиции во образованието и подобрување на услови во едукативниот процес. Имаме реконструкција на многу училишта – рече Дамјановски.

 

Директорката Марина Манојловска во својот говор пак упати порака до родителите на кои им порача дека заедно со наставниците од дечињата треба да направат успешни луѓе.

Најлесното е да им помогнете да ги нацртаат цртежите, да ги научите полесно да гис овладаат препреките во образовниот систем, но најтежок дел, ваш и наш, ќе биде од нив да направиме луѓе, луѓе кои на оваа општество ќе му го дадат својот потенцијал, но и ќе си направат посветла иднина за себе – рече Манојловска.

Loading...

 

Дескоска оствари посета и на СОУ „Перо Наков“ каде се сретна со средношколците и нивните наставници, со цел како што порача да се промовира средното стручно образование во Република Македонија.

Се андевам дека со измените кои што се прават во наставните програми  ќе поставиме систем кој што ќе ги привлече учениците.Правиме напори и договор со одредени компании со цел да се овозможи практична настава на учениците во овие правни субјекти, со цел тие да им овозможат настава која што ќе ги прави способни на пазарот на трудиот, на тој начин да ги отвориме вратите на поврзување на училиштата со бизнис секоторот, создавање кадри кои што ќе моижат да се вклучат во пазарот на трудот по завршуавње на средното образование – изјави Дескоска.

 

Министерката истакна дека е свесна за проблемите кои се таложеле во образованието и вели дека не може да се надминат лесно, но вети дека Владата ќе ги прави сите напори да обезбеди што подобри услови за образование на младите во државата.

 

 

Loading...