Кошаркарите на Куманово по скоро константното водство на Блокотехна успешно се разбудија во последната четвртина од мечот од 21 коло од домашниот шампионат и обезбедија втора победа оваа сезона против екипата од Гевгелија со резултат 77:83.
Иако домашната екипа водеше во текот на првата четвртина во која остварија позитива од седум поени, односно резултат 21:14, избраниците на тренерот Александар Петровиќ не дозволија тоа да ги скрши. Лавовски се бореа во првиот дел од средбата против второпозиционираната екипа од табелата во Првата лига. Втората четвртина ја добиа гостинските кошаркари, особено со петте поени кои Мирко Ковач ги даде пред крајот на полувремето кога резултат беше 32:27.
Со пет поени негатива кумановци влегоа во второто полувреме во кое Блокотехна започна да ја зголемува својата предност на 7 поени. „Сино-белите“ не се предаваа така лесно, па со пет поени во низа Бранислав Ѓекиќ ја намали негативата на два поени, а со дополнителна серија екипата на Куманово го презеде водството со 65:70.
Извонредна последна четвртина имаа кошаркарите на Куманово во која за 10 минути на паркетот напраивја 37 поени и направија целосна доминација на играта за конечен резултат 77:83.
Во ростерот на тренерот Петровиќ со 18 поени доминираше Мирко Ковач, со поен помалку репрезентативецот Димитар Караџовски, а двоцифрен број на поени и перфектна игра имаа и Бранислав Ѓекиќ со 14 и Бобан Стајиќ со 12 поени.
Во домашниот состав со 15 најефикасен беше Марјан Младеновиќ, а со поен помалку Стојан Ѓуровски.
Со оваа победа кошаркарите на Куманово се искачија на третата позиција во табелата прескокнувајќи го МЗТ Скопје Аеродром.
Пласманот на кумановци во плеј-оф завршницата на сезоната е сигурен, а до крајот на регуларниот дел останува само мечот против екипата на Гостивар која во среда се игра во Спортската сала во Куманово.