Кошаркарите на Куманово на домашен терен вечерва го совладаа составот на Црн Дрим со резултат 86:75.
Двоцифрена предност избраниците на тренерот Владимир Мирковски имаа уште во првата четвртина од играта, која заврши со предност за Куманово со 24:13.
Во вторите десет минути на паркетот стружани се обидуваа да ја намалат негативата што им тргна од рака, но кумановци бргу се вратија во својот ритам, па на полувреме се замина со 48:37.
Намалување на едноцифрена разлика имаше повторно во третата червртина, но не доволно за да го загрози водството на домаќинот.
Но не успеаја да направат и нешто повеќе од тоа на ова гостување каде го доживеаја третиот првенствен пораз.
Добрата игра и во последните минути на паркетот на Куманово му донесе победа по која трагаше откако излезе од изолација.
Најефикасен кај кумановци беше Александар Андрејевиќ со 22 поени, Американецот Рос со еден поен помалку, а на листата со двоцифрени поени се впишаа и Живчевиќ со 18 и Горнан Марковски со 14 поени.
Клусен со 21 беше најефикасен во составот на Црн Дрим.
Никола Ивановски