Куманово се разбуди на првиот снег, максималните дневни околу нула

Сподели со своите пријатели

Облачно и студено речиси насекаде со врнежи од снег со слаб до умерен интензитет беше уште рано утринава. Во текот на ноќта врнежите од дожд поминаа во снег и на пониските места. На повисоките места и планините во западните делови, врнежите се со умерен интензитет и се формира снежна покривка. Дува умерен ветер од северен правец , особено во Штипскиот регион и северниот дел на Повардарието, и на моменти достигнува брзина од околу 40 км/час.

Претежно облачно и студено со засилен северен ветер и со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, особено во источните делови. Помала снежна покривка ќе се формира и на пониските места, а на планините ќе се зголеми. Дневната највисока температура на воздухот ќе биде во интервалот од -2 до 4 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен, односно северозападен правец, а максималната дневна температура ќе биде 0 степени, додека истата вечерва во текот на ноќта ќе падне седум степени во неатива.

Во следните денови следува стабилно време со постепен пораст на дневната температурата, но во среда и четврток утрата ќе биде многу студено со температури од -10 до -4 степени.