Куманово се разбуди на -4 степени

Сподели со своите пријатели

Утрово во поголем дел од земјава е сончево со умерена облачност, а
значителна ниска облачност има по котлините во западните делови. Дува
слаб ветер претежно од северен правец.

Loading...

Сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има ниска облачност, која постепено ќе се намалува Ќе дува слаб јужен ветер. Максималната температура ќе се движи од 5 до 12 степени.

Во Куманово и околината слично време со температура до максимални 4 степени, додека утринската изнесуваше -4 степени целзиусови.

Сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по котлините ќе има појава на ниска облачност и слаба магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст. Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно со услови за слаб локален дожд.