Кошаркарите на Куманово остварија деветта победа во рамките на домашниот шампионат, откако вчеравечер го совладаа составот на Карпош Соколи со резултат 67:94.
Loading...
Кумановци доминираа во текот на целата игра и со големо учество на подмладокот на тимот, тренерот Александар Петровиќ им даде шанса на сите свои избраници.
Веќе по првите 10 минути на паркетот кумановци имаа предност од осум поени, односно резултат 18:26, а на полувреме веќе заминаа со двоцифрено водство односно резултат 36:48.
Loading...
Во вториот дел од средбата кумановци само ја зголемуваа разликата, за да сепак во завршниот дел слават со убедлива позитива од дури 27 поени, односно резултат 67:94.
Кумановци играа како гости на натрепварот, иако во Спортската сала во Куманово, меѓутоа со оглед на фактот дека Карпош Соколи повеќе немаат своја спортска сала, сите натпревари ги играат кај своите противници.
На мечот шанса доби подмладокот на тимот кој не ја изневери довербата на тренерот Александар Петровиќ. Така со 16 поени како најефикасен се впиша Ненад Стојановски, а исто толку впиша и Адем Мекиќ. Поен помалку впиша Бобан Стајиќ, додека од останатиот дел на подмладокот Душан Ивановски впиша 10 поени, 8 бележи Филип Стојановски, а шест поени впиша Ѓорѓи Георгиевски кој се здоби и со повреда во првиот дел од средбата.
Loading...
Во ростерот на Карпош Соколи најефикасен беа Петровски со 13, но и Богдановски кој пред неколку месеци дресот на Куманово го замени со оној на скопскиот тим.
КК Куманово по оваа победа се наоѓа на 4. место од табелата. Следниот натпревар кумановци го играат на домашен терен против составот на КК Струмица, веќе следната сабота.
Loading...
Loading...
Loading...