Кошаркарите на Куманово против актуелниот шампион ќе го стартуваат натпреварувањето во кошаркарскиот Куп на Македонија за мажи, кој од 15 до 17 февруари ќе се игра во Гевгелија.
Освен Куманово – Работнички, четвртфиналните двојки се МЗТ – Кожув, Блокотехна – Охрид и Гостивар – Фени Индустри.
Системот за натпреварување се одредува со пласман до осмото место по 11 одиграни кола.