Куманово преку Шкупи до пласман во Супер лигата

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово остварија убедлива победа против составот на Шкупи со резултат 79:109 и си обезбедија пласман во Супер лигата како шестопласирана екипа во табелата.

Loading...

Десет минути игра им беа доволни на избраниците на тренерот Александар Петровиќ за да направат двојна предност пред домаќинот од Чаир, па со резултатот 31:15 ја завршија првата четвртина.

Слично темпо на игра имаа и во втората четвртина, но тука Шкупи оствари повеќе поени. На полувреме се замина со убедливи 37:50.

Куманово својата резултатска предност ја билдаше и во третата четвртина кога успеа да го надигра Шкупи со 31 поен, наспроти нивните 17. Последниот дел од играта за три поени подобри беа гостите, кои славеа влез меѓу шестте најдобри во шампионатот.

Со 24 поени најдобар во составот на Куманово, а воедно и поентер на мечот, беше Лука Тодоровски. Двоцифрен број поени впишаа и Филип Стојановски, Миодраг Тодоровиќ, Бранислав Ѓекиќ, Методија Беслиоски и Адем Мекиќ.

Спо по 17 поени кај Шкупи најдобри беа Емил Колев и Елвис Хот.

Со оглед дека Работнички е на првото, а Куманово на шестото место во табелата овие две екипи ќе се сретнат во првото коло од Супер-лигата.

Leave a Reply