Куманово преку Гостивар ја доби битката за 4. место (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Со резултат 85:70, кошаркарите на Куманово по втор пат сезонава ја победија екипата на Гостивар со што ги заврши своите настапи во Првата лига на Македонија.

 

Loading...

 

Средбата која значеше борба за четврто место ја добија играчите на тренерот Александар Петровиќ откако во сите четвртини имаа водство над противникот.

 

 

По само 10 минути игра на паркетот, кумановци имаа позитива од 24:22, а до полувреме направија позитива од плус девет и заминаа на пауза со 49:40.

 

Loading...

 

Третиот период кошаркарите на Куманово имаа двоцифрено водство откако Марјан Јанески уфрли тројка во кошот на гостинската екипа, а останатиот дел од ростерот успешно ја задржа таквата позитива до крајот на третиот период кој заврши со резултат 58:48.

 

 

Последните 10 минути кумановци релаксирано ја завршија битката за четврто место, а натпреварот го звршија и младите кошаркари на тренерот Петровиќ.

– Да им честитам на моите момци за одличната игра како во напад, така и во одбрана особено во второто полувреме. Караџовски е минато за нас веќе, се свртуваме кон Суперлигата. Ни останува борба за плеј оф, малце да го стабилизираме клубот пред се. Да се заблагодарам на оваа публика што дојде денес и се надевам дека и во Суперлигата ќе ги има во што поголем број, навистина ни треба поддршка, мислам дека играме добра кошарка. Фала на овие момци денеес што одиграа дисциплинирано во напад, пожртвувано во одбрана, имавме контрола во скокот. На Караџовски му посакувам се најдобро, тој даде голем допринос на овој резултат во изминатиот дел од сезоната, спортски е тој што не е со нас мораме и без него, изјави тренерот на КК Куманово, Александар Петровиќ.

 

 

Целата прва петорка на Куманово бележи двоцифрен скор. Најефикасен беше капитенот Јанески со 18 поени, а со 15 следуваат Адем Мекиќ и Бобан Стајиќ. Со 14 поени мечот го заврши српскиот интернационалец Бранислав Ѓекиќ, а 12 забележа Никола Караколев.

 

Loading...

 

На мечот иако присутен, не настапи Димитар Караџовски за кого ова беше збогување со Куманово. Суперлигата, односно плеј оф завршницата ја продолжува во составот на Работнички.

 

 

 

Loading...

 

Leave a Reply