КУМАНОВО: Позната излезноста до 17 часот

Сподели со своите пријатели

Излезноста до 17 часот на вториот круг претседателски избори во Куманово е 37,66%, покажуваат податоците на изборна комисија.

Овој процент се базира на вкупно 95,52 отсто од обработени избирачки места.

Тоа е за помала излезност од првиот круг, кога во исто време гласачкото право го оствариле 40,98 отсто.

Право на глас на вториот круг од претседателските избори во Куманово имаат 93.508 избирачи.

На парламентарните избори своето гласачко право до 17 часот го оствариле вкупно 44,82 отсто од лицата со право на глас.

Право на глас за парламентарните избори во Куманово имаат 93.635 избирачи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Карате клуб „Ронин Доџо“ од Куманово со злато и четири бронзи на Светското шотокан првенство

Никола Ивановски