Кошаркарите на Куманово забележаа пораз во 9. коло од домашниот шампионат, откако на домашентерен со резултат 47:86 беа совладани од составот на Фени Индустри од Кавадарци.
Фени водеше во најголемиотдел од натпреварот, а пред се благодарение на добрата игра на самиот старт одсредбата. Кумановци се држеа во првата четвртина која заврши со еден поенпредност за гостинскиот состав, но вторите десет минути на паркетот беа подобриза кавадарчани кои направија осум поени повеќе и на полувреме се заминасо резултат 38:46.
Второто полувреме кошаркарите на тренерот Александар Петровиќ повторно се мачеа да ја достигнат разликата на противникот, но со многу обиди, а мала реализација и пропусти во одбраната тоа беше невозможна мисија.
Ова е четврти пораз за составот на Куманово кој има исто толку победи и се наоѓа на 6то местово табелата.
Најефикасни во домашниот состав беа Бранислав Ѓекиќ со 27 поени, 15 реализираше Адем Мекиќ, адва помалку Игор Пенов. Со 9 поени во одлично издание се покажа и ФилипСтојановски.
Кај победницитесо 28 најефикасен беше Фундербург, а со 24 Мајер.
Следниот меч Куманово го игра на гостински терен против Блокотехна која моментално е лидер во табелата.