Куманово од утринава е под снежна покривка од неколку сантиметри, а снегот продолжува да паѓа и понатаму.

Екипите на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ од рано утринава се активни на терен и ги рачистуваат сообраќајниците, соопшти градоначалникот Максим Димитриевски.
– ЈП „Чистота и зеленило“ интензивно работи на расчистување на снегот во централното градско подрачје и во околните населби, со цел обезбедување безбедно и непречено движење за сите граѓани, вели Димитриевски.

Инаку според прогнозите, снегот ќе продолжи да паѓа во текот на денешниот ден. Максималната температура ќе достигне два степени.

Од утре се очекува стабилизација на времето и пораст на дневните температури.






Никола Ивановски

