Ракометарките на Куманово викендов се пред нов предизвик, овој пат во вториот круг на Женската регионална ракометна лига (ВРХЛ), а за противник на домашен терен ќе ги имаат екипите на Рудар од Црна Гора и ЖРК Зајечар од Србија.
Во петок натпреварот ЖРК Куманово – ОРК Рудар се игра со почеток во 20 часот, додека во недела со почеток во 17:30 часот кумановки го играат натпреварот со ЖРК Зајечар. И двете средби ќе се одиграат во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.
Освен тоа во сабота во истата сала од 14:00 часот ЖРК Зајечар ќе ги одмери силите и со ОРК Рудар.
Станува збор за регионална лига, каде Куманово е еден од домаќините на натпреварите, покрај Груде од БиХ и Рудар од Црна Гора.
Принципот на натпреварувања е турнирски, па домаќинот на групата игра против останатите екипи.
Резултати од првиот круг:
ХЖРК Груде : ОРК Рудар – 33:21
ХЖРК Груде : ЖРК Зајечар – 28:23
ЖРК Зајечар: ОРК Рудар – 24:19