Воздухот во Куманово вечерва повторно беше најзагаден во Република Македонија, барем така покажува апликацијата „Мој воздух“ која податоците ги зема од мерните станици за квалитетот на воздухот поставени од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Податоците измерени некаде пред полноќ покажуваа 191 ПМ10 честички на метар кубен воздух, што е далеку пред сите останати населени места во кои има поставено мерни станици.

Ако се споредат мерењата од почетокот на месецов се доаѓа до заклучок дека висока загаденост на воздухот има само во вечерните часови односно по 19 часот, додека во текот на денот загаденоста е значително пониска.


