Куманово наскоро добива „Олимписка чешма“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Имињата на Аце Русевски, Реџеп Реџеповски и Бранимир Јовановски, како единствени освојувачи на олимписки медали, ќе стојат на т.н. „Олимписка чешма“ која наскоро ќе ја добие градот Куманово.

Loading...

Станува збор за реконструкција на веќе постоечката фонтана пред поранешниот Хотел „Кристал“, а како што вели градоначалникот Димитриевски целта е да служи како пример за сите идни спортски генерации во градот.

– Ќе направиме партерно уредување и ќе бидат ставени и одбележани имињата на сите наши досегашни олимпијци кои постигнале одредени резултати на олимписките натпревари и воедно овој потег ќе служи за пример на идните спортски генерации во градот кои што се вложуваат себе си во спортот за да постигнат врвно достигнување и вечно да им стои одбележјето за нив и тоа што го постигнале во спортот, изјави Димитриевски.

Како што додаде првиот човек на Куманово, во рамките на пет века од постоењето на градот, но и со титулата Европски град на спортот, ќе се даде скромен придонес и за олимпијците. Фонтаната ќе има и партерно уредување.

Loading...

Засега градоначалникот не сакаше да открива како истата ќе изгледа, но најави дека тоа ќе биде изненадување за кумановци и убеден е дека ќе им се допадне.

Leave a Reply