Куманово меѓу потенцијалните локации за изградба на гасни електрани

Сподели со своите пријатели

Куманово се наоѓа меѓу градовите што влегуваат во игра како можни локации за изградба на гасни електрани, согласно меморандумот кој Владата го потпиша со турската компанија „Казанџи груп“.

Loading...

Ова го потврди премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање околу текот на проектот, потенцијалната локација и вредноста на инвестицијата.

„Дополнително, ќе продолжиме со преговорите, и очекувам да ги прецизираме локациите. Во игра се неколку локации – во Скопје се неколку локации во оптек, исто така и Куманово е во потег, Тетово, Гостивар, поголемите градски средини. Нормално, тука се исто така и останатите, имајќи предвид дека Битола, веќе ќе се затвори проблемот со затоплување, бидејќи се завршува проектот за топлификација од РЕК Битола“, објасни премиерот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четири пожари изгаснале кумановските пожарникари вчера

За инвестирање во ваков тип на проекти премиерот најави дека Владата, е веќе во преговори со уште неколку странски инвеститори.

„Ни останува Прилеп, ни останува Велес, ни останува Штип, ни останува Струмица, Кавадарци итн. Да, да не ми замерат останатите кои што нема да ги споменам. Но, покрај „Казанџи“, веќе сме во преговори со уште неколку други потенцијални инвеститори за инвестирање во ваков тип на проекти“, информираше премиерот.