Куманово меѓу најскапите градови според цените на основни намирници

Сподели со своите пријатели

Куманово е еден од најскапите градови за живот судејќи според статистичките податоци за цени на мало во октомври годинава, а кои денеска ги објави Државниот завод за статистика.

Loading...

Така, во Куманово се продава најскапиот компир во државата. Килограм компир во Куманово просечно чинел 28,23 денари, а во Скопје, каде платите се скоро двојно повисоки од оние во Куманово, цената била 25,91 денари. Најевтино било во Штип, 23,99 денари по килограм.

Од жителите на метрополата, кумановци поскапо во октомври плаќале и за грав, кромид, зелка, јаболко, млеко, сирење, тестенини… Поевтино за нијанса било месото.

Во продолжение сами направете споредба на цените врз основа на табелите на Државниот завод за статистика.

 

Leave a Reply