Куманово ќе донира пари за Нови Сад и семејството на загинатиот Васко Саздовски

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово денеска едногласно одлучи да се доделат финансиски средства како помош за трагедијата во Нови Сад кога по пад на наштресница загинаа 14 лица.

Loading...

На предлог на градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, советниците денеска одлучија на збратимениот град Нови Сад да му се доделат 300.000 денари, додека сума од 100.000 денари ќе биде уплатена на сметката на семејството на македонскиот граѓанин Васко Саздовски кој трагично го загуби животот во несреќата.

14 лица загинаа при падот на настрешница на Железничката станица на Нови Сад на почетокот на ноември, меѓу кои и Македонецот Саздовски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Спречен шверц на облека на ГП Табановце

Никола Ивановски