Куманово ќе добие повеќе паркови, дрвореди и уредени зелени површини, најави Крстиќ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Куманово ќе добие повеќе паркови, дрвореди и уредени зелени површини, најави на денешната прес-конференција кандидатот за советник од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Душан Крстиќ.

„Зелените површини и парковите се белите дробови на градот,“ порача Душан Крстиќ, кандидат за советник на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во Куманово, на прес-конференцијата посветена на урбаното зеленило.

„Тие обезбедуваат чист воздух, создаваат простор за одмор, дружење и рекреација, а истовремено ја зголемуваат убавината и квалитетот на урбаното живеење. Вложувањето во паркови и зелени површини значи инвестиција во здравјето на граѓаните, подобра животна средина и одржлива иднина за сите.“

 

 

Кандидатот нагласи дека во изминатите години Општина Куманово целосно ги реконструирала Соколанскиот и Градскиот парк, „исклучително важни локации што го разубавуваат градот и се одлично место за рекреација на граѓаните.“

Крстиќ најави дека продолжува со истиот интензитет и во наредниот период, со конкретни проекти за создавање на повеќе зелени површини и уредување на постојните.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Започнува Џез фестивал Куманово, со љубов и почит за Филип и Кочани

„Предвидуваме изработка на стратегија за урбано зеленило и делување според акцискиот план. Урбан сквер со зелена површина или мини парк во секоја локална заедница. Воспоставување катастар на зеленило. Заштита на сите неизградени, а планирани зелени површини во опфат на Генералниот урбанистички план и нивна реализација како уредено зеленило во паркови со урбана опрема.“

Крстиќ ги презентираше и конкретните проекти за нови паркови.

„Изградба на нов парк на влез во село Проевце; изградба на урбан сквер ‘Гоце Делчев’ со парк, фонтана и урбана опрема на влез во населба Гоце Делчев; нов парк на место на времените објекти на локалитет Табакана; парк со урбан сквер и шеталиште до Спортската сала, спроти Градскиот кеј по должина на бул. ‘Октомвриска револуција’; парк на улица ‘Карадачки одреди’ во населба Тоде Мендол.“

Дополнително, се предвидува збогатување на содржините на Спомен Костурница со ново игралиште, нова урбана опрема, простор за пикник и рекреација, како и изградба на урбани зелени скверови на локации Ловец, до поранешен хотел „Кристал“, на ул. „Гоце Делчев“, на завршетокот на ул. „Илинденска“ со ул. „Доне Божинов“ и на место на времени објекти помеѓу ул. „Трст“ и ул. „Доне Божинов“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Генералниот секретар на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Горан Минчев, во посета на Кочани

Крстиќ најави и пошироки уредувања на урбаното зеленило.

„Нови дрвореди на ул. ‘Ленинова’, ул. ‘Браќа Рибар’ (Нагорички сокак), бул. ‘Октомвриска револуција’, бул. ‘Трета МУБ’ и на други локации каде има услови. Уредување на сите водни текови согласно Студија за водни текови на територија на Општина Куманово. Уредување на просторот околу речните корита со зелени површини, трим патеки, урбана опрема и простор за рекреација. Промоција на позитивни примери на општествено одговорни граѓани, обезбедување грантови и кампањи за поттикнување на еко активизам.“

Меѓу најавените активности е и изградбата на пешачка патека во шумскиот предел на локација Студена вода со летниковци за одмор до село Биљановце – погодна за развој на детско извидништво, како и уредување на државно неизградено земјиште и поставување систем за наводнување „капка по капка“ на повеќе зелени површини.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Д-р Иван Аргиров од Куманово учествуваше на Европскиот хируршки конгрес во Италија

Планирано е и поставување фонтани за пиење вода и јавни тоалети во сите градски паркови и во центарот на градот.

„Куманово денес ја покажува својата посветеност кон поубава и поздрава животна средина. Секое засадено дрво е дел од нашата грижа за иднината, секој уреден парк е симбол на општината што мисли на своите граѓани. Зелено Куманово не е само проект – тоа е наш заеднички дух, начин да покажеме дека се грижиме за градот и идните генерации. Со повеќе паркови, повеќе дрвја и чист воздух, Куманово станува град по мерка на човекот – модерен зелен дом за сите нас,“ заклучи Крстиќ.

Никола Ивановски