Куманово избра економски оператор за авионско прскање против комарци, соопштија денеска надлежните од секторот за јавни набавки.
За авиотретирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Биро за лекови, општината ќе одвои 472.000 денари со вклучен данок на додадена вредност.
На повикот кој беше објавен по вторпат, бидејќи првиот оглас беше поништен избрана е компанијата „Бониер“ ДООЕЛ Куманово.
Општина Куманово на почетокот од април, годинава избра на оператор за запрашување против инсекти, дезинсекција, дератизација против крлежи, лебарки и комарци, информираа од одделението за јавни набавки.
Општината од буџетот одвои милион денари без вклучен данок на додадена вредност за вршење на оваа дејност.
Лани и претходните години со посебен тендер беше избрана и компанија за авионска дезинсекција, но тогаш беа одвојувани околу милион денари.
МИА